Кина ги има сите тајни на американската армија

Комплетните нацрти, дизајни и функционирање на десетина најнови американски оружја и системи, завршија во фолдер на компјутер на кинеските хакери.

Меѓу тајните украдени од кинеските хакери (иако никаде не се конкретно споменати, високи воени функционери на САД директно нив ги обвинуваат) се нацрти за најновите прототипи на воени авиони, ракетни системи и технологија за електронска војна.

На списокот се наоѓаат плановите за:

F-35 - "невидлив" воен авион, ловец.
V-22 - повеќенаменски воен авион со карактеристики на хеликоптер.
THAAD - ракетен систем за одбрана.
Patriot Advanced Capability-3 - најновата верзија на ракетниот систем Патриот.
AMRAAM - ракета воздух - воздух, со среден домет.
Global Hawk - дрон за надгледување.

Главниот страв е дека со плановите Кинезите ќе можат да најдат начин како од далечина да им пристапат на новите системи и доколку е потребно "филмски" да ги оневозможат.

Втор проблем е дека Кинезите ќе почнат да ги произведуваат овие оружја / системи, бидејќи добар дел од украдените скици биле за мали делови кои се неопходни за нивно производството.

"Кинеските сајбер-крадци 'компромитираа' нацрти кои го формираат рбетот на некои од најважните технологии за одбрана на американската војска, и ова би можело да сигнализира напредок на кинеското оружје, додека во исто време ќе значи 'слабеење на воената предност на САД' во иднина."

28 мај 2013 - 21:18