Асошиетед прес обелодени писмо на надлежните лица за човечки односи во филијалата на Ал Каеда за Северна Африка до еден нивен проблематичен член. Морничаво е кога ќе се сфати како ова, во суштина нежно напишано и деликатно писмо всушност се однесува за крвави и брутални настани.
Проблематичниот вработен е Моктар Бемоктар, човек чија подружница ја презема одгоорноста за заложничката акција на платформата на Бритиш Петрол во Алжир, како и за минатонеделните напади во Нигер во кои беа убиени 100-тина лица.
Ал Каеда досега секогаш го поддржувала Бемоктар, сè додека овој не почнал да делува на своја рака без соработката со повисоките инстанци, а му замераат и дека не е баш транспарентен со расходите. Тој им пишал за ова, пробал да објасни, ама тие после му го пишуваат ова:
"Твоето писмо содржи доста озборувања и правдања. Ние во минатото се обидувавме да ги стивнеме недоразбирањата надевајќи се дека тоа може да го постигнеме на најлесен и најнежен начин... Но, раната продолжуваше да крвари и тоа се повеќе, се до твоето последно писмо кога сфативме дека оваа рана не може да зарасне"
Писмото содржи низа забалешки за неговиот карактер и потрошените пари, дека не поднесувал редовни извештаи и дека некогаш грубо ги третирал потчинетите. Бемоктар едноставно престанал да се јавува на телефонските повици на своите шефови, по форуми се жалел на своите соработници и не одел на состаноци ако мислел дека се бескорисни. А му се обраќаат под псевдонимот Абу Абас:
"Организацијата му додели средства на Абу Абас кога и самата имаше проблеми со финансирањето. Абу Абас не се претргна да купи оружје. И сега, чие работење и залагање можеме да го оцениме како незадоволително?"