Вести

Центрите за податоци ги изедоа евтините лаптопи и смартфони

Изградбата на огромни компјутерски центри за податоци го надмина глобалниот капацитет за производство на мемориски чипови. Нарачуваат за неколку години однапред. Тоа ги принудува производителите на лаптопи, смартфони и електронски уреди да ги поскапуваат своите модели и целосно да ги укинат поевтините, од кои вадат најмал профит.

Разнесувањето бродови во Карибите не го запре шверцот на дрога во САД

Трамп и Пентагон тврдат дека воените напади врз цивилни бродови во Карибите и Источниот Пацифик го намалиле за 97% шверцот на дрога во САД и дека спасиле животи на стотици илјади Американци. Конгресмени и експерти укажуваат дека ова се лаги со кои се доведува јавноста во заблуда и обид да се оправдаат незаконски убиства на речиси 200 цивили.

Мој је живот Швицарска, скоро па 10 милиони

Во јуни одат на еден од најбитните референдуми последниве години. Идејата на предлогот „Не за Швајцарија од 10 милиони“ е кога државата ќе дојде до цифра од 9,5 милиони, автоматски да стапат на сила строги лимити на имиграцијата, азилот, семејното спојување, работните дозволи и други форми на доселување. Моментално имаат 9,1 милион жители. Што би рекол швајцарскиот часовник: тик-так, тик-так....

Речник

Две третини од добивките на Полимаркет одат кај 0,1% од обложувачите

Пазарите за предвидувања изгледаат како лесен начин да се заработат пари. Но, како и секое коцкање, губитниците се многу побројни од победниците. На Полимаркет 67% од добивките одат кај само 0,1% од корисниците – професионалци што плаќаат големи пари за пристап до лавини од податоци, компјутерски го проценуваат ризикот и прават по десетици вложувања во минута.

Градинките во Велс ќе пријавуваат „деца-расисти“ во полиција

Негувателите и воспитувачите во граднинки низ Велс добија инструкции итно да го пријавуваат во полиција секој случај на расистичко однесување на децата. Сите инциденти оценети како „злосторства од омраза“ ќе бидат евидентирани во полиција, а сторителите, дури и оние во пелени, ќе се соочат со „дисциплински мерки“ и „лекции по антирасизам“.

Преку израелски телекоми следат луѓе низ целиот свет

Инфраструктура на израелски телекоми била злоупотребена за следење на граѓани во повеќе од десет земји во изминатите три години. И најнапредните мобилни уреди биле изложени на надзор преку слаби точки во старите телефонски мрежи од 1970-тите години прилагодени за ерата на паметните телефони, открива дигиталната истражувачка група Ситизен Лаб.

Тесла има нов роудстер и електричен камион

Елон Маск новиот Тесла роудстер го претстави како „најбрзиот сериски произведуван автомобил што некогаш е направен“ и тоа со бројки како 1,9 секунди од 0 до 100. За споредба, Тесла Модел С П100Д во „Ludicrous mode“ од 0 до 100 развива за 2,5 секунди.

Релативизирање на Да Винчи

Сликата Salvator Mundi (Спасител на светот) на која главна улога има Вирд Ал Јанкович (шала,шала) на аукција отиде за фрапантни 450 милиони долари. На таа пара, станува небитно дали е тоа навистина Да Винчи или не..  

Јапонците пак се резилат пред светот

Во скандал приреден од тамошната железница кој уште долги години ќе остави длабок траг во јапонското национално ткиво, цела држава на свои плеќи треба да го носи срамот на еден воз што тргнал 20 секунди порано од станица.

Како германски весник стана главно место за објавување глобални скандали

Кога новинарката на Њујоркер ја носат во посета на „воениот штаб“ на 24-от кат од зградата на Зидојче цајтунг, неколку дена по објавувањето на Рајските документи, прво нешто што и кажуваат е дека таму е забрането какво било фотографирање.

Стварно треба да ја пробате новата верзија на Фајрфокс

Може и претходно сте го чуле ова, ама Мозила го направи Фајрфокс како што треба. Седнаа, од корен го преработија својот браусер и го лансираа Фајрфокс 57 односно Фајрфокс Квантум. И браусерот стварно везе.

Раѓањето на балканската Колумбија

Зоната на одгледување опиум во југословенското кралство зафаќа 14.000 хектари во 40 општини на Повардарие. Македонскиот опиум благодарение на погодното тло и речните наноси бил меѓу најквалитетните во светот бидејќи содржел 14-16% морфиум. Колку за споредба, кинескиот имал вкупно 3 до 5 проценти морфиум.

Проверувачи на факти на Фејсбук, како тоа пи-ар звучи

По година и кусур пумпање на приказната Хилари изгуби заради неспособноста на Фејсбук да се справи со ботови и неброени патувања на американски новинари до Велес само за да се вратат со истата сторија (пост-комунизам, млади деца, сиромашни родители...), при последниот масакр во САД сите анти-бот / њуз механизми воведени од Фејсбук во овој период дозволија за кратко време мрежата да биде преплавена од лажни вести, кои тврдеа дека убиецот е од крајно левичарска организација. Од нив само еден пост беше споделен над 260.000 пати.

Време е демократите да се соочат со минатото на Бил Клинтон

Речиси две децении откако феминистките застанаа на страната на Бил Клинтон, најупадливата работа околу моменталниот наплив на обвинувања за сексуални напади и малтретирање, не е ниту сеприсутноста, ниту ликовите кои тоа го извршиле, туку тоа што луѓето им веруваат на жртвите.

До крајот на годинава во Јемен ќе умрат 50.000 деца

Во земјата зафатена со глад, колера и граѓанска војна се случува незапамтен помор на дечиња. Нивната смрт е уште побесмислена затоа што може да биде спречена. Ама, клучот е во рацете на најверниот сојузник на Запад, Саудиска Арабија.

Ако имате пенис, треба ова да го прочитате

Закривеноста на машкиот полов орган можете да ја сметате за една од многуте манифестации на прекрасниот био-диверзитет („нека цветаат илјада кура“), но масовна студија на 1,5 милион мажи покажала дека носителите на ваков орган се под сериозно зголемен ризик од добивање рак.

Како сојузниците помогнаа борците на ИСИС да избегаат од Рака

ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.

Виетнамци го пробија Face ID на Ајфон со маска

Она за што Ајфон тврдеше дека е несоборлив бедем на лична безбедност, падна на гумена маска. Запрашани, како вам ви успеа, а слични обиди, како на Вајард, не успеаа, одговорот на Виетнамците е „па сепак ние сме водечка компанија за компјутерска безбедност.“

Амазон ќе прави серија од Господар на прстените

Видео стриминг сервисот објави дека ги добил правата за делото на Толкин и најави снимање на серија од повеќе сезони со потенцијални спин-офи на приказната.

Како Британија му ги вршеше валканите работи на Гадафи

И покрај интервјуата со разузнавачи од САД и Британија, и информации добиени преку закон за слобода на информации, она што следува во најголем дел е откриено од разузнавачки документи пронајдени по револуцијата во Либија, расфрлани по владини канцеларии, затвори, приватни резиденции и канцелариите на либиското разузнавање, пишува Гардијан на темата за тоа како британската тајна служба од 2001 го одржува во живот и помага владеењето на Гадафи.

Ние сме од Фејсбук, тука сме да погледнеме

На времето еден од тестовите за откривање гуштери (и интелигенција) на интернет беше: прати ми го бројот на кредитната картичка, да го проверам да не ти го има некој украдено. Сега Фејсбук сака да те заштити од тоа некој бивш да не објави гола фотка од тебе на Фејсбук, така што ти на Фејсбук доброволно ќе им пуштиш угол гола фотка од себе. Им треба за мустра.

Потврден масакр што 100 години никаде не постоеше

Речиси 100 години Абориџините од Западна Австралија низ усни сведоштва и уметност зборуваат за масакар што го извршиле Австралијците на нивна територија, а за кој нема никаков пишан траг во кој било официјален австралиски документи, вклучувајќи полициски досиеа.

Бил Гејтс купи земја за да изгради град

На неполн час возење од Феникс, Бил Гејтс купи земјиште со површина од 101 километар квадратен (нешто повеќе од Центар, Карпош, Кисела Вода и Аеродром, заедно) за да создаде сопствен паметен град.

Епл му ќари 120 милиони долари на Самсунг за патенти

Борбата беше околу „slide to unlock“ опцијата на Ајфон за отклучување на смартфонот со движење од лево кон десно на екранот, и се водеше повеќе од 5 години.

Денот на шопингот беше даровен

На годинешниот Ден на самците, празник кој денес се поврзува со еднодневните масовни попусти на Али Баба и Али Експрес, купувачите потрошија рекордни 25 милијарди долари.

Алкохолот го одврзува и странскиот јазик

Умерено пијаните лица подобро и потечно зборуваат странски јазици, утврдиле холандски истражувачи. Бидејќи алкохолот го убива срамот, фатените не му ја мислат многу дека ќе звучат лошо, па главно затоа звучат супер.

„Приказните се точни“

Луис Ц.К. објави изјава во врска со извештајот на Њујорк тајмс за неколкуте жени кои зборуваа за своите искуства со него. Во изјавата Ц.К. пишува: „Приказните се точни“.

Баксузи праисториски

Астероидот што ја удрил Земјата и ги уништил диносаурусите, успеал во тоа само затоа што погодил на право место за да го започне нивното верижно изумирање.

Како најголемата заплена на кокаин во Колумбија ќе влијае на светската залиха?

Во средата претседателот на Колумбија објави дека тамошната полиција запленила речиси 10,9 тони кокаин, рекордна количина што успеале да ја ожнеат во една акција.