Како прво, сакаме да објасниме дека по политичка линија, Славорум е центристички сајт, бидејќи ние сме посветени на Словените во целина и сакаме да ги изразиме и левите и либералните и конзервативните и десните позиции во нашите земји. За волја на вистината, не ни пишуваме многу за политика и 90% од нашиот сајт се однесуваат на начинот на живот, културата, патувањата и забавата.
Некои од вас можеби забележале дека последниве денови сме нешто тивки на Фејсбук. Тоа е затоа што добивме 30 дена забрана за пристап на нашата страница, само заради пар сочни мимови (мемиња). Со години сме на Фејсбук но во последно време сме мета на нивните тенденциозни модератори или алгоритми кои бааги полудеа. Добро што Славорум нема вработени инаку месецов некој ќе беше со празен стомак, благодарејќи на Цукерберг и неговите комплетно пристрасни алгоритми кои малтретираат објавувачи со намалување на нивниот досег, промовираат уцени и рандом забрани кои го прават вашиот труд залуден.
Љубопитни сте зошто нè забранија 30 дена за сатирични фотки? Ајде да анализираме што се случи.
За што ние се зезаме, и тоа без никаков проблем:
Се зезаме со авторитарноста:
Се зезаме со сопствениот национализам:
Се зезаме со социјализмот:
Се зезаме со религиозноста:
Се зезаме со инфраструктурата:
Се зезаме со нашиот лајфстајл:
Ги задеваме веганите и се зезаме со нашите прехрамбени навики:
АKO E ТАКА, СО КОЈА ШАЛА ЗАСЛУЖИВМЕ 30 ДНЕВНА ЗАБРАНА?
Прва забрана - 3 дена: “говор на омраза“
Со шала за CNN и нивното мислење за полскиот ден на независноста во Варшава, повод по кој CNN ги нарече Полјаците нацисти, иако полскиот народ, заедно со Евреите и Русите, имаа најмногу жртви на спомнатата политика.
Да, нашата слика го исмеваше блесавиот обид на CNN да ги прикаже Пoлјаците во такво светло. Не ни направивме мим од тоа, само постиравме слика, мислејќи дека ако веќе се зезаме со десницата, имаме право истото да го правиме и со левата страна каква што е CNN. Изгледа не ќе да е така.
Втора забрана - 7 дена: „малтретирање и закана“
Постиравме фотографија од Елена Делигиоз за која важи епитетот дека е „најубавиот женски кос-плеј војник“. На сликата држи пушка и имаме наслов: „Елена ќе те обори“, што е очигледна шега. Се работи за глума, девојката буквално глуми дека е војник.
Изгледа и со тоа допиевме тема која на лево-либералните американски кругови не им се бендисува. Оружје плус Русија! Руски фотомодел сликан со пушка изгледа е криминал. Ви личи ли тоа на нормално?
Трета забрана - 30 дена
Постот не ни отиде во живо, само беше најавен а тие ни удрија забрана пред да го објавиме! Се работеше за една зафрканција поврзана со животниот стил на либерал-левичарите.
Да сумираме:
Прва забрана - хумористична критика на CNN
Втора забрана - Русинка со оружје
Трета забрана: - шега за лафјстајлот на левичарите
Заради контраст: нашите зафрканции со типичното десничарско реакционерство, христијанската религија, авторитарноста, армијата, национализмот, сето тоа ни е дозволено за мајтап.
Нè занимаше како е дојдено до оваа ригидна цензура и наидовме на ова:
Прв чекор:
Втор чекор:
Како резултат го добивате ова:
Проблем?
Проблем е што не се цензурира само крајна десница туку на мрежите се замолчува и умерена десница па и центристи. Во некои земји Фејсбук почнал да лустрира и христијански страници заради споделување цитати од Библијата кои ги оценува како „говор на омраза“. Тоа нема врска со нас, така? Ама има, бидејќи како центристи, ние сакаме да се зезаме со двете страни на политичкиот спектар.
Второ, ние зборуваме за Словените и патем доста ги спомнуваме Русите а во овој момент, секое нивно спомнување некому звучи како закана. Помислете на тоа, животот на просечен рурален и традиционален човек од Источна Европа доста се разликува од животот на елитистички либерал од Њујорк. Како ние да зборуваме за таа разлика ако не смееме да ја покажеме? Сега и центарот е забранет?
Живееме во време кога САД и целиот свет се под закана за колективна цензура на социјалните гиганти како Фејсбук, Гугл/Јутјуб и Твитер. Се работи за војна меѓу американските конзервативци и Републиканци и Американските Демократи и левичари/либерали. И додека тие меѓусебе се тепаат, страдаат помали заедници како нашата. Веќе не смееме со ништо да се зезаме слободно бидејќи сме под закана од трајно бришење на нашиот Фејсбук акаунт.
Благодарејќи на пристрасните алгоритми, се најдовме сред туѓа пресметка а до кога ќе трае ваквата цензура, немаме идеја.
********
Ако и Оффнет попие бан заради пренесување на мислењето на Славорум, јасно ви е да је враг однео шалу. Па затоа, да пробаме превентивно: Кој нè забрани, да му умре мајка :)