Џек Вајт од White Stripes ги најми услугите на компанијата Јондр за целата престојна турнеја која започнува на 19 април. Тој е еден од оние настапувачи кои се избезумуваат од начинот на кој фановите ги поминуваат нивните концерти.
„Никој не сака да настапува пред 1.000 запалени телефони“, вели нивниот менаџер Јан Монтоне кој работеше и со LCD Soundsystem a Вајт додава дека сака неговите слушатели навистина да бидат присутни на свирката.
Услугите на Јондр за поединечни настапи досега ги користеле и Guns N' Roses, Боб Дилан, Алиша Кис, комичарот Дејв Шапел и други а тие на цената на билетот додаваат околу 2 долара.
Јондр функционира така што сечиј телефон се става во нивна футрола кој го блокира уредот а во концертната сала постојат зони на кои блокадата се отклучува па човек може да се јави некому ако тоа му е потребно.
Уметниците кои ја поддржуваат ваквата идеја велат дека масовната употреба на телефони за време на настапите комплетно ја убива емотивната врска меѓу изведувачите и публиката.
Од друга страна постојат музичари кои главно ловат помлада публика и чиј успех зависи од труењето на социјалните мрежи од споделување фотки и видевца од нивните настапи. Тимберлејк е еден од нив но дури и тој ги ангажираше Јондр за една забава на која претпремиерно се пушатал новиот албум.
Многу пред појавата на смартфоните, Ерих Фром во влијателното дело „Да се има или да се биде“, екстензивната употреба на фотографиите ја толкуваше како симптом на отуѓен живот, на оние лица кои пропуштаат да го живеат животот кога тој им се случува и претпочитаат наместо тоа да си го поебат времето складирајќи материјални докази за своите спомени.