Најдоброто од мобилните од Барселона

Во Барселона периодов се случија две важни работи. Прво, како дел од глобални климатски промени врнеше снег. Второ, се одржа најголемиот саем за мобилни уреди во светот, каде како дел од глобални технолошки промени, главен беше Самсунг со новиот Галакси С9.

Дигитал трендс го прогласува апдејтот на Галакси С8, Галакси С9, за најдобар уред на МВЦ 2018. Главен визуелен напредок на 9-та е поместувањето на сензорот на отпечаток под камерата, што беше и најголема забелешка за С8-та.

Остатокот од изгледот е речиси идентично задржан, а под хауба го има редовното билдање на капацитетите, посилен процеоср и повеќе рам. Главниот напредок во спевификации е кај камерата, посебно кај леќите и додавањето на можност за правење забавени снимки со 960 фрејмови во секунда.


Најдобар додаток за телефон е Декс пад, кој твојот Андроид, претежно Галакси, го претвора во десктоп компјутер, за кој ти треба само монитор со ХДМИ кабел, за да почнеш да го работиш.


Иако Галакси С9 е севкупен победник како најдобар уред, за најдобар телефон е прогласен Нокиа 8 Сироко. Телефонот работи на Андроид, потенок е од Ајфон Х, и успеваат речиси да ги слеат стаклото и челичната рамка. Има систем со двојна камера и напукан е со солидни бројки за што е можно побрзо работење, Снапдрагон 835, 6 гигабајти рам и 128 гигабајти меморија. Солидните карактеристики доаѓаат со солидна цена од околу 900 долари.


Таблет на конгресот е Хуавеи Медиапад М5 про, со речиси 11 инчи, резолуцијата му е 2560 x 1600, и генерално треба да е мултимедијален центар. Плус, има стилус; минус, нема приклучок за 3,5 милиметарски џек за слушалки.


За Дигитал трендс „најдобра технологија во зачеток“ е КаиОС, оперативен систем кој дозволува евтино приклучување на 4Г мрежата, со ограничен избор на достапни апликации, преку „глупи телефони“, притоа опфаќајќи пазар и демографии кои „сериозно се запоставени од почетокот на смартфон револуцијата.“

 

5 март 2018 - 14:16