Фејсбук го укинува фидот за вести и ги враќа во њуз-фид

Експериментот во кој вестите добија посебен таб и беа иселени од њуз-фидот ќе биде прекинат од Фејсбук по сериозната опозиција и критики на темата. За почеток експериментот беше спроведен врз публиката од 6 држави.

Откажувањето го објави одговорниот за њуз-фидот на Фејсбук, Адам Мосери, кој во блог пост објасни дека експериментот бил мотивиран од „постојаниот фидбек“ од корисници кои сакале во њуз-фидот да гледаат повеќе од семејството и пријателите а помалку од медиумските организации и компаниите. „Експлор“ фидот од октомври беше пуштен за публиката од Шри Ланка, Гватемала, Боливија, Камбоџа, Србија и Словачка.

Критиките беа дека на глобалната платформа не и е гајле што се случува во тест земјите, ниту пак размислува на последиците по тамошното новинарство. Друга забелешка беше дека експериментот повеќе им штети на професионалните медиуми отколку на лажните вести.

„Вие го дадовте вашиот одговор: дека луѓето не сакаат два одделни фида. Во истражувањата, луѓето ни кажаа дека се помалку задоволни со постовите што ги гледаат, и дека тоа што имаат два одделни фидови не им помогнало повеќе да се поврзат со пријателите и семејството,“ пишува Мосери во својот пост.

Тој ја признава и вината околу критиките дека Фејсбук делувал од позиција на моќ кога одлучил да го промени медиумскиот пејзаж во 6 држави без никаков предупредување или информации од корисниците, порачувајќи дека во иднина компанијата „ќе го промени начинот на кој оценува каде да ги тестира новите производи, и како ќе го комуницира истото.“

Прекинувањето на овој експеримент е одделен од глобалните промени на њуз-фидот што Фејсбук ги воведе во јануари, чија цел е „посмирено да ги намалат јавните содржини и да промовираат ’посодржајни социјални интеракции.“

3 март 2018 - 15:36