Дијабетесот се пет посебни болести

Неконтролираното ниво на шеќер во крвта обично се дели на тип 1 и тип 2. Ново заедничко истражување од Шведска и Финска откри дека станува збор за 5 одделни болести, и секоја од нив бара посебна терапија.

Студијата која анализира речиси 15.000 пациенти со дијабетес, ги дели пациентите во 5 одделни кластери:

- Кластер 1, автоимун дијабетес кој генерално е ист како и дијабетесот од тип 1 - ги погодува луѓето на млади години и наизглед здрави, но заради имунолошка болест не можат да создаваат инсулин.

- Кластер 2 - сериозниот недостаток на инсулин ги прави пациентите првично да изгледаат многу слично на оние од кластер 1 - млади се, имаат здрава тежина и се мачат да создадат инсулин, меѓутоа тука не е проблемот во имунитетниот систем.

- Кластер 3 - пациенти со сериозна отпорност на инсулин кои генерално се прекумерно дебели и создаваат инсулин меѓутоа нивното тело повеќе не реагира на истиот.

- Кластер 4 - дијабетес благо поврзан прекумерна тежина кој се забележува кај луѓе што биле сериозно дебели меѓутоа метаболички многу поблиски до нормалата отколку оние во кластер 3.

- Кластер 5 - дијабетес благо поврзан со возраста на пациентите кои развиваат симптоми кога се значително постари отколку останатите групи и нивната болест обично е посмирена.

Поделбата значи и можност за подобро таргетирање на болестите, бидејќи првите три форми се сметаат за посериозен проблем кој треба поагресивно да се третира, отколку последните две.

И пред шведско-финското откритие објавено во Лансет, докторите се свесни дека работат со прилично општи термини, или како што објаснува др. Викторија Салем од Кралскиот колеџ од Лондон, „најголемиот дел од специјалистите знаат дека тип 1 и тип 2 не се некој страшно прецизен систем за класификација“.

 

5 март 2018 - 12:58