Буџетот на Нетфликс за годинава изнесува 8 милијарди долари, а за дадените пари Нетфликс очекува идна заработка од 20 милијарди долари. Моментално компанијата се проценува дека вреди 100 милијарди долари.
За време на скорешниот говор, финансовиот на Нетфликс, Дејвид Велс, стратегијата на компанијата ја опиша како „да продолжиме да додаваме содржини - затоа што функционира.“ Запрашан колку трошење на содржина е доволно за Нетфликс, Велс изјавил „нема магична линија на која знаеш точно каде си,“ во однос на ефикасност.
Велс откри дека Нетфликс му платил околу 300 милиони долари на Рајан Марфи, креаторот на Американска хорор приказна и Гли, за да прејде кај нив од 20 Сенчури фокс и да почне да создава програма за стриминг сервисот, а и за да привлече останати таленти од Холивуд.
Компанијата која глобално има 118 милиони претплатници, за годинава има маркетинг буџет од 2 милијарди долари, 40% повеќе од минатата година.