Вести

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Речник

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Црвен плашт наместо црвена петокрака: „припитомувањето“ на НОБ

Глобалниот феномен на „Приказната на слугинката“, романот на Маргарет Атвуд и истоимената серија снимена според него, инспирира мноштво политички, идеолошки и дистописки толкувања. Но она што притоа го забораваат оние кои го слават ова дело, особено од феминистички ракурс, е фактот дека главниот лик, оној на слугинката Офред, е аполитичен. Како нејзин пандан нашиве простори можат да понудат многу појаки примери.

На сред село - хиперлуп

Тоа што Елон пробува да го проработи на западниот брег на САД, Вирџин реши да го прави сред една недојдија од село во Шпанија, каде ќе гради истражувачки центар од 500 милиони долари.

За интеграција се потребни двајца (и секој Австриец да вдоми мигрант)

Сириски бегалец кој изминативе 8 години живее во Германија и пишува колумни, во отворено писмо го повика секој Австриец да ги дели своите пари и домот со бегалци, бидејќи „интеграцијата функционира само ако е двострана - само едната страна не е доволна.“

Пол Манафорт, лобистот на тираните

Пред да се приклучи на кампањата на Трамп, Пол Манафорт подолго време не е присутен во Вашингтон. Иако својата репутација ја гради во главниот град на САД, парите ги прави преку море, претежно во Источна Европа, и по нешто во Африка и Азија.

Археологија по градски канали

Чистејќи ги каналите низ Амстердам и копајќи нови тунели за метро, Холанѓаните извадија над 700.000 артефакти меѓу кои има и примероци постари и од самиот град кои датираат од 4300-та година пред нашата ера.

Руски гас, германски проблем

И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.

Одмор од 8 дена не е одмор

Не важно колку е долг одморот се додека тој трае повеќе од 8 дена. Сè што е под оваа бројка ниту има вистински позитивно влијание на вашето здравје, ниту доволно ќе ве опушти за остатокот од работната година.

Мажот како врв на женската борба за еднаквост?

Група која се опишува како „мрежа за работните жени во Британија,“ што по дефиниција опфаќа и жени лидери, сега од едни треба да трпи критики, а од други да трпи сеир откако реши да назначи маж за претседател на организацијата.

Кој пол е вашата кременадла?

Феминизмот и веганството може да ги поврзува една разбирлива линија на размислување: како одбивност кон агресијата и угнетувањето. Ама ламбичето се пали кога во име на феминизмот, ќе ти додадат и ваков аргумент: Знаете ли дека повеќето животни кои ги јадете се женски? 

Што се Германците толку запнати околу годишен одмор?

Да завршиш каква било работа во Германија во август е еднаков подвиг како да завршиш каква било работа тука во кој било дел од годината. Таму причината е што Германците го сметаат годишниот одмор за едно од основните човекови права.

Ленин (бил) во Варшава?

Денешната левица се соочува со вознемирувачкото искуство, на крајот на една цела епоха на прогресивно движење, искуство кое ја присилува да ги преформулира најосновните координати на сопствениот проект.

Мерак на мамурлак

Бидејќи немаме ништо добро да кажеме за мамурлакот (освен дека е единствениот процес кој те штити од самоуништување), директно ќе минеме на наука, а според неа многу е веројатно дека си подеднакво зависен од мамурлакот како и од процесот што доведува до него.

Знаете ли што е „Снепчет дисморфија“?

Социјалните медиуми создадоа уште еден психолошки деформитет за кој прва помош се бара од - пластични хирурзи. Сè почесто им доаѓаат луѓе со желба да изгледаат како што изгледаат со филтрите на Снепчет. 

За Германија да биде „Германија“ годишно се трошат речиси 1.000 милијарди евра

Извештајот на германското сојузно министерство за социјални прашања покажува дека за комплетниот систем за социјална заштита во земјата минатата година биле платени 965,6 милијарди евра.

Шпионот што не мезеше

29-годишната Мариа Бутина која пред неколку недели беше уапсена во САД под обвинение дека е руски шпион кој се обидува да се инфилтрира во републиканските кругови, сама на пијано се има издадено дека е руски шпион, и тоа не еднаш туку неколку пати. Со други зборови Русите во САД распоредуваат шпион кој не држи алкохол и кој не молчи за својата задача.

Дали белците се спремни да ја одморат демократијата?

Како што е стандардно за изминативе две години, ваквите себе-проверки на Американците се предизвикани од вчудовидувањето кое настапи од тоа дека воопшто некој би гласал за Доналд Трамп, и сè што потоа следуваше.

Син ми, Осама

Во интервју кое започнува со фотографија што наликува на маскиран Саша Барон Коен, мајката на првиот човек на ал-Каеда за прв пат проговорува за својот син, речиси 17 години по 11-ти септември и 7 години по неговата елиминација од американските специјалци во Аботабад.

Андерграунд 2: Хелсинки

Околу 300 километри во тунели и речиси 500 одделни подземни објекти го составуваат најобемниот (јавно познат) подземен систем на светот, чија цел е да му се најде на главниот град на Финска во случај на каква било катастрофа (Русија).

За грчките пожари и политикантството

Грчки автор пишува дека додека Сиријци учествуваа во барање исчезнати во страшните пожари, Курди и Палестинци даваа крв а македонската (да, македонската) влада понуди и парична помош, Карл Билт ладнокрвно твиташе „еве ПАК ги спасуваме Грците “.

Нашмркана генерација лицемери

Иако трговијата со кокаин уништува и разорува животи на глобално ниво, користењето на дрогата меѓу „општествено ангажирани“ млади е повисока од кога и да е.

Путин ги враќа политичките комесари во војската

По наредба на рускиот претседател создаден е директорат за промовирање на патриотизам во руската армија. Потегот речиси инстантно евоцираше спомени на еден слична пракса од СССР во која политичките комесари промовираа Марксизам и Ленинизам.

Не си го сакаш детето ако не си му ангажирал тутор по Фортнајт

Понудата почнува од 50 долари за 4 часа онлајн лекции, до зависи колку ќе се договориш за тутор во живо да го обучува твоето дете за една единствена цела - како да не изгуби на Фортнајт.

Веројатно најважната победа на човештвото

Хомо сапиенсот пред десетици илјади години успева да ја извојува клучната победа над неандерталецот благодарејќи на нешто што се нарекува „уникатна еколошка пластичност“, што во основа значи дека нашите предци (за разлика од неандерталецот) успеале да избегнат изумирање затоа што можеле да истражуваат и да се адаптираат.

Генерација публика

Над една четвртина од британските деца кои тргнуваат во основно училиште не можат да комуницираат со цели реченици, и ова е исклучиво благодарејќи на времето кое низ целиот дотогашен живот го минале пред екрани (смартфон, таблет, лап-топ, ТВ) каде се само консументи на содржина без да искажат нити една мисла.