Иако планот за метро во Амстердам е стар околу 50 години, властите почнуваат истиот да го реализираат некаде на почетокот на 2000-те и тоа главно затоа што одлучуваат дека целото метро ќе вози само под земја, па нема да има потреба да се прават површинските ископувања кои предвидуваа рушење на дел од старите објекти во градот.
На проектот се приклучува и градската Канцеларија за споменици и археологија, која започнува со процес на пребарување на ископаната земја од тунелите и документирање на сите артефакти што ќе бидат пронајдени во нејзе. Единствена можност за „контролирано ископување“ археолозите ја имаат на местата на кои се копа за станиците на метрото.
Посебен интерес за археолозите биле каналите низ градот, затоа што она што ќе падне во нив најчесто останува на дното и таму се трупаат предмети со тек на време.