„Способноста да се населува во екстремно различни предели и способноста да учи специјализирани вештини неопходни за напредување на тие места значи дека нашиот вид заземал нов еколошки ниш - оној на ’генералист специјалист’,“ објаснуваат докторите Патрик Роберт и Брајан Стујарт во студијата објавена во журналот Nature Human Behavior.
Двајцата објаснуваат дека ова не значи дека останатите припадниците на родот хомо, како хомо флоресиенсис (човекот од Флорес) и хомо еректус, не мрднале од Африка, туку дека тие останале во околина во која се чувствуваат комфорно и која е мешавина од шуми и пасишта. За разлика од нив хомо сапиенсот населувал и не така пријатна околина како пустини или тропски дождовни шуми.
Претходните претпоставки беа дека преживувањето на нашиот вид е поврзано со способноста да се создава и комуницира, меѓутоа се повеќе научници сметаат дека и останати, денес изумрени хомини како неандерталците, имале способност за изразување и грижа за заедницата.