Си-ен-ен известува дека Бутина, еден од клучните елементи на големата руска завера за изместување на американските избори, во повеќе наврати на пијано се фалела дека е шпион за руската влада, нешто што ги вознемирува нејзините соученици кои најмалку два пати ја имаат пријавено на властите.
Дури и на трезно руската шпионка е помалку претпазлива од швалер почетник, па за добар дел од комуникација користи апликации како Твитер и Вотсап. Си-ен-ен дополнува и дека таа била крајно нападна во своите обиди да го привлече вниманието на мажи за време на најразлични политички настани.
Според еден од соучениците на Бутина, која ги завршува студиите на Американ Универзитетот во Вашингтон, таа и во редовни денови не била ни најмалку претпазлива да не биде откриена, и за време на предавања зборувала како таа е посредник меѓу руската влада и кампањата на Трамп.
Минатиот месец Бутина е уапсена во Вашингтон Д.Ц. и е обвинета за заговор и делување како странски агент.