Селото се вика Бобадиља и се наоѓа на југот од Шпанија позиционирано меѓу 130 години стара железница и реката Гудалорсе.
Вирџин хиперлуп уан во вторникот потпиша договор со државните железници со што се официјализираше изградбата на центарот. Од Хиперлуп оне изборот на локација го објаснуваат со тоа што во регионот се сместени над 9.000 компании за превоз и логистика, вториот по големина аеро-вселенски кластер во Шпанија и над 20.000 вработени во истражување и развој.
Од компанијата планираат мирот на 480-те жители на Бобадиља да им го нарушат со носење на 200 до 300 работници во нивниот центар.
Проектот предвидува центарот со површина од 19.000 метри квадратни да се отвори во 2020, кога ќе почне со „развивање, тестирање и сертификување на компоненти и потсистемите за постојано унапредување на безбедноста и стабилноста на хиперлуп системите.“
Седиштето на Вирџин хиперлуп уан е во Лос Анџелес, а компанијата има 500 метри долга тест патека во пустина во околина на Лас Вегас, каде неодамна успешно тестираше превоз на карбон-фибер капсула со брзина од 386 километри на час. Во оригиналниот концепт на Елон Маск за хиперлуп теоретски крајната брзина е 1223 километри на час.
Моментално во Европа има уште еден хиперлуп комплекс, во Тулуз, каде се гради патека за тестирање на технологијата.
Центарот во Бобадиља нема да вклучува тест дополнителна патека, која најверојатно ќе се гради во Дубаи.
Според ЦЕО-то на Вирџин, Ричард Бренсон, хиперлупот до 2021 ќе биде подготвен за патници.