Активностите на Олбрајт (AllBright) меѓу другото опфаќаат организирање приватни средби на членовите, академија за помагање на жени да го развијат својот бизнис и мрежа на инвеститори во нивни бизниси.
Сеирот околу изборот на маж претседател посебно е навлечен затоа што во својата пракса на фокусирање на жени организацијата, на пример, купува вино или уметнички дела исклучиво од жени производители или автори.
Критиките се дека иако на организацијата и требаат мажи во управувачкиот борд, назначување на маж на водечката позиција ќе му дозволи „тој да ја собере целата слава во јавноста и да има видна позиција.“
Од една организација со слични цели како Олбрајт, објаснуваат дека одлуката да се назначи маж на раководната позиција „е спротивна со нивната мисија за начинот на кој светот размислува околу бизнисите раководени од жени.“