Холанѓани истражуваат група испитаници со просечна возраст од 42,5 години, сите вработени и сите со право одмор, при што важно е тоа да трае меѓу 15 и 34 денови годишно, што би дошло просек од 23 дена на ниво на цела група.
Во студијата се следени психолошките процеси поврзани со правење пауза од работа и како паузата влијаела на здравјето во текот и по одморот. На списокот биле: здравствена состојба, замор, задоволство, расположение, напнатост и ниво на енергија.
Утврдено е дека здравствената благосостојба забрзано растела за време на одморот достигнувајќи го својот пик осмиот ден, меѓутоа по само една недела на работа истата таа се вратила на почетните нивоа.
Заради ваквиот исход истражувачите од Универзитетот на Нејменген заклучуваат дека не само што треба да се оди 8+ денови на одмор, туку и дека треба да се одмара барем по неколку пати годишно.