Тројца бостонски дерматолози го потврдиле новиот феномен на расклатена самодоверба предизвикана од пречеста употреба на фото зезалиците на сервисите како Снепчет или Фејстјун. Луѓе им доаѓаат со барање реалноста да ја приближат до филтрите на Снепчет и да ги направат да личат баш така, со зголемени очи, полни усти и тенки носеви.
„Ова е алармантен тренд бидејќи тие селфи филтри доловуваат недостижен изглед и на луѓето кои пречесто ги користат, им ја замаглуваат линијата меѓу реалноста и фантазиите“, вели еден од нив.
Снепчет дисморфијата е гранка на општата телесна дисморфија, синдром на опседнатост со барање и наоѓање физички мани кај себе. Се смета за нова бидејќи за разлика од порано, кога на пластичари најчесто им се барале идеали видени кај селебритија, сега идеалот е јас, само филтриран.
Можеби тоа е релативно нов феномен но други истражувања покажуваат дека социјалните медиуми и селфијата го менуваат начинот на кој луѓето се доживуваат себе си. Околу 55% од фацијалните пластични интервенции биле објаснети со желба да се изгледа подобро на селфи. А селфито во себе има 'природна дупешка' бидејќи на селфи, нос на човек изгледа околу 30% поголем. Сечи мајсторе!