Звучи глупо како бизнис план, ама притоа треба да се има предвид дека играта ја играат над 125 милиони луѓе низ цел свет. Ако победиш на некоја партија од играта (целта е да бидеш последен останат жив од 100 играчи кои се приклучиле во партијата) не добиваш апсолутно ништо, освен можност за чаталење дека си победил.
Објаснувањето на родителите за своите постапки е дека играта била многу компетитивна, и „создава притисок врз децата не само да ја играат туку и да бидат добри во неа.“ Една од важните ставки во целата пракса е другарите да не те дознаат дека ти најмиле тутор.
Во еден од примерите што ги наведува Вол стрит журнал, програмер од Тексас ангажира тутор за своето 12-годишно дете по цена од 20 долари од саат, за околу 6 саати месечно.
Една од локациите на кои може да ангажира „тренер по Фортнајт“ е сајтот Бидвајн, кој од март од денес има изнајмено над 1.400 тутори на темата.
За самите тренери (обично 18 до 20 годишни) ова е комплетно нејасно и збунувачко, ама па не им пречи. За разлика од нив, родителите целата работа фино лепо ја имаат сведено на „што е ова поразлично отколку ангажман на тренер по кошарка?“