Статистиката и причините за истата ги објави британскиот министер за образование, Демиан Хиндс, кој како своја главна цел си зададе во рок од половина деценија да го преполови бројот на деца кои го немаат достигнато потребното ниво на зборување и читање за нивна возраст.
„Скандал е дека имаме деца кои почнуваат да посетуваат училиште а не можат да кажат цела реченица, кои не можат да прочитаат едноставни зборови.
Ова е исклучително важно затоа што уште од почетокот ќе заостанеш многу ретко се случува потоа да ја надополниш разликата. Твоите врсници не те чекаат, а разликата само се зголемува. Ова има огромно влијание врз општествената мобилност (способноста на поединецот да се префрли во повисока општествена класа),“ објаснува министерот.
Британските истражувања покажуваат дека децата кои на пет години имаат слаб вокабулар е два пати поверојатно да бидат невработени до 34 години отколку децата со добар вокабулар.
Неповрзано со министерот, но крајно освестено за проблемот со општата (не само детската) навлеченост на нивните производи, Иос и Андроид во своите нови верзии нудат можност за ограничување на времето што луѓето го минуваат на смартфоните или таблет уредите со овие оперативни системи.