Путин ги враќа политичките комесари во војската

По наредба на рускиот претседател создаден е директорат за промовирање на патриотизам во руската армија. Потегот речиси инстантно евоцираше спомени на еден слична пракса од СССР во која политичките комесари промовираа Марксизам и Ленинизам.

Одлуката ги опфаќа сите околу 1 милион активни војници на руската војска, а според надлежните таа е донесена бидејќи „во услови на глобален информациски и психолошки судир (со Западот), улогата на политичкото и морално единство во армијата и општеството драстично расте“.

Во одлуката, Путин го именуваше и генерал-полковник Андреи Картаполов, ветеран од војната во Сирија, за раководител на новата служба. Според извори на Комерсант, Картаполов ќе биде одговорен и за активностите на Јунармија, „патриотска воена младинска организација спонзорирана од министерството за одбрана.“

Освен стандардниот уплав дека ова ќе доведе до воскреснување на идеолошкото образование, и проверки дали некој потенцијален кадет е „премногу про-западен,“ едно од главните прашања е ако се има предвид дека советскиот директорат работеше во интерес на Комунистичката партија, тогаш во чиј интерес ќе работи новата служба.

Во советската верзија на работите, задачата на политичките комесари (меѓу другото) беше да осигураат дека армијата е лојална кон Комунистичката партија.

1 август 2018 - 13:31