
Сумата е топтан и опфаќа сè можно на што државата троши пари, без разлика дали тоа биле азиланти, трудници, бенефициран стаж, социјална помош за сиромашни или што и да е друго.
Ваквиот цех за 2017 е за 36,5 милијарди (или 3%) поголем отколку во 2016. Ако се гледа во изминатите 25 години, тогаш сумата е зголемена за два пати.
Во овие речиси 1000 милијарди евра околу 304 милијарди отпаѓаат на пензии, а на второ место е здравственото осигурување со 228,6 милијарди евра.
Од сумата З5,6 милијарди евра се потрошени на администрација на социјалниот систем.
Потрошената сума изнесува 29,6% од БДП-то на Германија.
Финансирањето на социјалниот систем се базира на три столба: 34,2% се од придонеси на вработени, 33,4% се од државата и 30,8% од придонеси на осигурениците.