Вести

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Речник

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Црнкињата нема да се појави на 20 долари во скоро време

Редизајнот на 20-доларката, со кој ќе се разбиеше монополот на бели мажи на американската валута, администрацијата на Обама објави дека ќе биде пуштен во оптек некаде во 2020. Овие што дојдоа после него одложија за 2028.

Само вие продолжете да се лечите на Јутјуб, оставете што ви зборат доктори

Најмалку две лица се умрени откако одлучиле да послушаат еден Јутјуб надрилекар според кој аутизам се лечи со пиење варакина. До сега еден од клиповите на темава има над 2 милиона прегледи, па веројатно ова нема да бидат последните два случаја.

Париз ќе гради џиновска градина околу Ајфел

Незадоволни од тоа што моментално го имаат, а љубоморни на Хајд парк во Лондон, Централ парк во Њујорк (Градски во СК?), властите на Париз се решија на комплетна трансформација на делот околу Ајфеловата кула.

Радикално решение за климатските промени што добро ќе ни дојде

Доколку се продолжи со загревањето на планетава луѓето низ Европа ќе мора да почнат да работат драстично помалку часови неделно за да се избегне климатска катастрофа. Колку драстично? Максимум 9-работни часа неделно.

Италија има синдикат

Италијанските синдикати одбија да натоварат брод на Саудиска Арабија страхувајќи дека товарот може да биде употребен против цивилни цели во 4 годишните страдања во Јемен.

Стравот на мажите од #MeToo удира по деловните жени

Дали затоа што не знаат каде точно грешат или затоа што се уште нема некои цврсти правила што сè може да биде толкувано како сексуално малтретирање, околу 60% од мажите менаџери изјавиле дека им е непријатно да работат во близина со жени. И ова е раст од 32% во однос на минатата година.

Жижек: Што правда победи во ГоТ?

Лавината емоции и жестоки дебати околу последната сезона на Игра на тронови и особено нејзиниот крај, словенечкиот филозоф ја гледа како резултат на идолошките конфликти во неа. Според Жижек, таа допре пар големи идеолошки уплави: стравот од револуцијата и стравот од политички моќната жена.  

Забраната за Хуавеи значи крај на глобалната технологија

Ваков драматичен наслов не објавува некој апокалиптичен сајт склон кон заверенички теории туку тешкашот Форин полиси. Оценуваат дека конфликтот САД - Хуваеи (Кина) означува крај на глобализираниот технолошки модел и дека работите се враќаат на национални програми. 

Ники Лауда, Ф1 бунтовник на свој начин

Лауда не беше автомат без емоции, туку решителен конкурент на кој многу малку му значеа мислењата на другите.

Борис Џонсон за премиер е соодветен крај на мрачната декада

Армагедонот е на повидок. Борис Џонсон е тргнат кон бр. 10 и нема ништо неискрено, нерепутабилно па дури ни доволно скандалозно што тој може да направи што би ја спречило неговата партија да го избере. Тие ги знаат сите негови лаги, мрза и нарцизам, и пак не им е гајле.

Амазон ги порази јужноамериканските влади и им го собра домејнот

По повеќегодишен спор со пола Јужна Америка компанијата Амазон излезе како победник во битката за топ-левел домејнот .amazon. Барем за сега.

Америка се сака со американски броеви, не со арапски

Речиси секој втор анкетиран Американец изјавил дека смета дека арапските броеви не треба да бидат дел од наставната програма што се предава во американските училишта.

Зајак од 91 милион долари е доказ дека треба поголеми даноци за ултра богатите

Без да се навлегува во уметничката вредност на делото на Џеф Кунс и дали тоа е споменик на „преценет кич од 1980-те“, останува фактот дека неговиот зајак е најскапо продаденото дело од жив уметник, рекорд што баш и не го личи многу во време кога богаташите се вонредно привлечна мета за отстрел.

Килограмот се смени (пола грам останува исто)

Од денеска, килограмот не е она што беше до вчера. Од 20 мај 2019 година стапува на сила нова, радикално поинаква дефиниција на оваа мерка од Меѓународниот систем на единици. Макс Планк лајкс дис.  

Веганство и затворска казна

Родителите што своите деца ги растат како вегани треба да бидат судски гонети, решија белгиските доктори по неколку смртни случаи на деца во тамошни училишта, јасли и болници.

Германски лопови би да си ги заработат парите што ги краделе

Во најгерманската можна кражба, група крадци решиле дека најдобар начин до лесни пари и брзо богатење е да оберат цела нива со јагоди.

Зошто патлиџанот е онаква тиква?

Како што добиваше на изглед, боја и сјај, доматот во последниов период  сè повеќе губеше на мирис и вкус. Тоа е толку болна загуба што кога денес човек ќе наиде на прав патлиџан, лицето му се озарува како да открил таен портал до своето детство. Зошто денешните немаат вкус? Како ќе имаат кога им фалат цирка 5.000 гени?  

„Тоа што сум шизофреничен, не значи дека не ме следат“

Во 2017 година, надлежните американски институции одобруваат еден безобразно скап лек кој на докторот му кажува дали си го испил. Две години подоцна, признаваат дека можеби и не било најпаметно на човек кој страда од шизофренија да му нудиш апче кое има чип во себе. 

Кокаин можело и по пошта

ФБИ разбиле регионален ланец дилери и заплениле килограми и килограми кокаин (и други масла од канабис), благодарејќи на незадоволни корисници. Кога се заинтересирале за ова корисничко незадоволство, агентите откриле дека робата оди по најрегуларен поштански ланец.

Харвард во историја се нема вака срозано

Смениле декан затоа што на студентите не им се бендисувало што професоров, во својство на адвокат, решил да биде во тимот за одбрана во судскиот процес против Харви Вајнстин. Не им се бендисувало на студентите! Озбилно.

Од сè што можеше да ѝ снема, на Јапонија ѝ снемаа телефонски броеви

Моментлно Јапонците користат телефонски броеви со 11 цифри, и овие би требало да се потрошат некаде до 2022 година.

Војната во прегратка на либералите

Лекцијата што американските интервенционисти ја научија од војната во Ирак е: присвој ја дебатата. Па така, денес сите се за промена на режими, пишува Мат Таиби во Ролинг стоун.

Трамп завршна сметка 2018

Американскиот претседател направил најмалку 434 милиони долари од своите бизниси во 2018, и ова главно е полошо отколку пред да стане претседател.

Фотографот и неговата жена што засадија 2 милиони дрвја

Приказната за легендарниот бразилски фотограф Себастијао Салгадо и неговата сопруга Леила потсетуваат на онаа мудрост од кинеската поговорка: „Најдобро време да засадиш дрво било пред 20 години. Второто најдобро време е денес“.