Америка се сака со американски броеви, не со арапски

Речиси секој втор анкетиран Американец изјавил дека смета дека арапските броеви не треба да бидат дел од наставната програма што се предава во американските училишта.

Статистиките се од неодамнешна анкета на американската агенција за истражување на пазарот Сивиксаенс, на која 56% од испитаниците одговориле дека американските училиште не треба да предаваат арапски бројки како дел од својата програма.

Коментарите на ваквите резултати се дека тие „во исто време и се шокантни а и не се изненадување во свет каде политичките тензии се високи, а нивото на научна писменост е сомнително“.

Да не биде само Америка, пред некоја година германски политичар (крајно десен) вети дека ако биде избран на локалните избори ќе забрани арапските бројки да бидат испишани на куќите во неговиот град.

               

20 мај 2019 - 17:28