Планот е плоштадот Трокадеро да биде поврзан со Ајфеловата кула со „зелен коридор“ наменет за пешаци, и со тоа комплетно да се укине густиот сообраќај во околината и посебно преку мостот кој ги спојува двете локации.
Планот е на актуелната градоначалничка на Париз, Ан Идалго, чија намера е што поголем дел од историскиот центар на Париз да го претвори во пешачка зона.
Работата на проектот треба да започне на крајот на 2020, и за него се одделени околу 72 милиони евра.
Решението за просторот е на американскиот архитект Катрин Густафсон, која очекува паркот на биде пуштен во оптек некаде пред одржувањето на Олимпијадата 2024 во Париз.