Некои од вас (и нас) дури денес ќе дознаат дека Густав Ајфел ја користел неговата кула како лична старт-ап лабораторија за научни иновации. И не само тоа - под неа има таен воен бункер со влез што е блиску до јужниот столб.
Најпознатиот споменик во Франција и една од најголемите светски туристички атракции е изградена во знак на одбележување на годишница од Француската револуција и како симбол на француската индустриска моќ. Меѓутоа овој симбол не беше планирано вечно да трае, па ни нешто посебно долго.
Незадоволни од тоа што моментално го имаат, а љубоморни на Хајд парк во Лондон, Централ парк во Њујорк (Градски во СК?), властите на Париз се решија на комплетна трансформација на делот околу Ајфеловата кула.
Кога во 1889 Ајфеловата кула се отворила за восхитената јавност, нејзиниот архитект ги собрал сите ловорики. Но она што таа јавност не го знаела било дека тој си направил мал таен стан на врвот на светското чудо.