Не дека ние везден размислуваме за метрологогијата (наука за мерките) но на науката ѝ е јако битно да има што е можно попрецизен систем со кој го мери светов и ги изведува своите истражувања.
Мерките треба да се прецизни, да бидат константни, понајубо ако се темелат на природните закони на овој универзум, онаков каков што го познаваме. Па сепак, од седум основни единици во Меѓународниот (СИ) систем, четири не се втемелени на константи во физиката: ампер (струја), келвин (температура), мол (количество супстанца) и килограм (маса)
„Идејата да имаме мерки базирани на физичките константи е тие да бидат стабилни, непроменливи во иднина и универзално важечки насекаде“, објаснува директорот на Меѓународното биро за мерки (БИПМ), Тери Квин.
На пример, метар е дефиниран како растојание кое светлината го минува за 1/299792458 од секундата. А секундата е време кое е потребно атом на цезиумот да ротира 9,192,631,770 пати.
А килограмот беше дефиниран со... килограм.
И тоа буквално. Повеќе од еден век килограм беше она што е еквивалентно на Прототипот на килограм, направен во 1889 година од 90% платина и 10% иридиум а се чуваше во специјално вакуумско ѕвоно во седиштето на БИПМ. Всушност, тоа беше единствената мерка во СИ дефинирана од физички објект.
Постоеја неколку копии од еталонот на различни локации во светот кои беа користени за национални стандардизации и повремено беа праќани во централата да се споредат со прототипот. И тука работите станаа интересни, бидејќи масите на овие копии знаеле да отстапуваат од оригиналот при што настанува збунка: дали тие изгубиле или пак оригиналот добил на тежина.
Промената ја најавивме лани, а се потврди со гласање на научниците на една конференција во Версај.
Од денес, килограм не е она што е исто со еталонот во Париз туку е дефинирано со Планковата константа која дури лани беше прилично педантно измерена. Од денес, кога ќе одиме по пипер/ патлиџан, ќе си знаеме дека:
Ако баш инсистирате на „нашки“:
Според новата дефиниција, големината на килограмот ќе биде усогласена со отсега па натаму фиксна нумеричка вредност на Планковата константа, еднаква точно на 6,626069 х 10 на минус триесетчетврти степен, изразена во единици на меѓународниот систем на мерки (SI) kgxmxm/s (килограм по метар по метар врз секунда), што е еднакво на Јхs (џул по секунда).
* фала Драган
А не таму, секој накупец да може да нè заебава!