Иако нема да има промена на тежината на килограмот, сепак станува збор за радикална промена на поимот за килограм.
Предложената измена е килограмот да се дефинира со вредности од Планковата константа, број (исклучително мал) со кој се опишува количество енергија, а не со парче метал. Новата дефиниција ќе се мери со помош на уред наречен вагата на Кибл.
До сега килограмот се дефинираше со тежината на цилиндер изработен од платинa-иридуим, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Севр, Франција. Проблемот со цилиндeрот е што неговата тежина (во најмали можни количества) варира, па се зголемува како што на него се таложи загадување од воздухот или се намалува со секое чистење.
За промената ќе гласаат научници од 60 држави на конференција што треба да се одржи во Версај. Освен килограмот, гласањето ќе опфати и други мерки.
Доколку сè се изгласа како што треба, новитетите ќе влезат во оптек на 20 мај 2019.