Овој проблем на мажите на крај пак завршува како проблем на жените бидејќи тоа значи дека мажите менаџери одбиваат да менторираат колешки, да работат еден на еден со нив, или воопшто да се социјализираат со жени.
Притоа разликата само се зголемува кога двете метрики се мажи од високи менаџерски позиции и жени почетници во компанија.
Во анкетата на LeanIn.org и Сурвејманки се покажало дека мажите менаџери:
- било 12 пати поверојатно да се колебаат да имаат еден на еден состанок со женско.
- 9 пати поверојатно да се колебаат службено да патуваат со колешка која е пониско од нив во хиерархијата.
- 6 пати поверојатно да се двоумат да имаат работна вечера со колешка од понизок ранг.
И покрај ваквото пазење, анкетата покажува дека сексуалното малтретирање останува сеприсутно на работното место, и било пријавено од 57% од испитаничките.