Во 93% од модерниот, одгледан домат кој може да се најде во маркетите и пазарите, недостасуваат гени кои го даваат препознатлив вкус на ова овошје кое со судска одлука беше прогласено за зеленчук.
Виновник не е генетската модификација туку одгледувачите, со форсирана селекција на карактеристики кои имаат најдобар пазарен ефект. Со други зборови, со текот на времето, со негативна селекција се изгубиле гените кои го подобруваат вкусот за да доминираат оние кои го дефинираат изгледот, издржливоста на транспорт и други стресови, рокот на траење и слично.
Истражувачи од њујоршкиот универзитет Корнвел спровеле анализа и компарација на генетските податоци од 725 култивирани и диви домати (тоа се нарекува пан-геноим, што претставува целокупно генетско портфолио на еден вид) со генетскиот профил на првиот генетски секвенциран патлиџан. доматот „Хајнц 1706“ кој често се зема за репрезентативен приомерок за геномот на доматите.
Утврдиле дека на Хајнц му недостасуваат околу 5.000 гени кои ги има во пан-геномот. За вкусот и мирисот особено е битен недостатокот на генот TomLoxC кој може да се најде во 90% од дивите сорти. Добра вест е што вкусот изгледа повторно се враќа на сцена бидејќи денес TomLoxC во она што го има на тезгите го има почесто отколку пред неколку години.