ФБИ тврди дека е разбиен ланец на нелегална трговија со дрога чие седиште било во Понтијак, Мичиген а ги покривал Индијана, Западна Вирџинија и Тенеси. Била спроведена масовна рација и упади во домови при што биле уапсени дузина познати и непознати дилери а биле запленети дроги во килограми (кокаин, хероин, фентанил, кристал-мет и сл).
Трагата започнала од фатена конверзација на дилери кои си се жалеле на незадоволството на корисниците од нивните производи. Еден од нив рекол дека мора да ја продава робата за 40-50 долари (околу двеипол илјади денари), само за да се отараси од залихите. Во друга конверзација која била обелоденета на суд, двајца осомничени зборувале дека во последно време стоката е со помал квалитет и едниот побарал од другиот да му ја прави посилна бидејќи никој нејќе да ја купи.
ФБИ започнале да ја следат и да ја реконструираат мрежата за да дознаат дека главниот трансфер оди по најрегуларни поштенски канали, пакетчиња со разно-разни видови и количини кои биле доставувани до локалните дистрибутери.