Бројките се од канцеларијата за етика на владата, и според нив:
- Трамп голф клубот во Вашингтон ДЦ забележал 500.000 долари поголеми приходи за 2018 да ја заврши со вкупно 13,3 милиони долари.
- Хотелот на Трамп во Вашингтон ДЦ направил 40,8 милиони долари.
- Хотелскиот ресорт на Трамп во Мајами, кој стандардно носи најмногу пари, бележи пад на приходите и 2018 ја завршува со 75 милиони долари. Во 2016 истото ова носи 116 милиони долари.
- Мар-а-лаго, омиленото одморалиште на претседателот на САД, донело 22 милиона долари, што е 15 милиони помалку отколку пред 2 години.
Извештајот не наведува детални податоци од типот дали и кој бизнис на Трамп направиле профит во 2018, ниту пак дали претседателот на САД платил даноци на парите што неговите компании ги заработиле.