Вести

Доаѓа нова финансиска криза

Се повторуваат сигналите што ја најавија кризата од 2008 година. Приватните кредитни фондови, кои ги заменуваат банките, пријавуваат загуби. Цената на барелот нафта надмина 100 долари. Инвестициите се концентрирани во само неколку технолошки компании и може да пукнат како меур. А, меѓународните односи се многу полоши и тешко може да се договори заедничка реакција.

Парадокс во Германија:

Сончевите централи ја спуштиле цената на струјата на минус 500 евра за MWh

Цената на струјата во Германија на 1 мај паднала на законски дозволениот минус од 499,99 евра. Оваа сума, со пари од даночните обврзници, ја плаќале операторите за секој потрошен мегават-час од огромниот вишок генериран од сончевите колектори. Ако не помогне и негативната цена, ќе има парадоксален ефект од премногу струја – неколкучасовни рестрикции во некои региони.

Амстердам забрани реклами за месо, бензинци и авионски летови

Во Амстердам е дозволено речиси сè – проституција, марихуана, хашиш, „магични“ бомбони со психоактивни супстанци, но сега е забрането рекламирање на нови „пороци“ - сендвичи, коли на бензин и дизел и туристички аранжмани со авион или брод. Поврзување на месото и фосилните горива е дел од поширока политичка платформа за нето-нула емисии на јаглеродни гасови.

Речник

Намибија се ослободи од должничкото ропство на ММФ

Намибија штотуку го отплати целиот долг кон ММФ. Нула салдо, нула нови заеми, нула нови услови. Слобода. Додека други држави се дават во ригидните политики на ММФ, Намибија излезе од должничката спирала. Оваа држава од југозападна Африка, со 2,1 милиони жители и минимална плата од 180 евра покажа дека слободата може да се (от)плати, со визија и дисциплина. 

Наивни од МАГА изгубиле 4,3 милијарди долари од измамата на Трамп

Доналд Трамп ги злоупотребил своите најверни симпатизери од движењето МАГА, продавајќи им безвредни монети за повеќе од 4 милијарди долари. Аналитичарот Стив Ратнер објаснува дека од оваа измама со криптовалути се збогатиле лично Трамп и инсајдери од најтесниот круг околу него, кои ја покренале лавината инвестиции. 

Среќни 91 година се појаки од 400 милијарди долари

Роналд Вејн некогаш поседуваше 10 проценти од Епл. Денес, тој удел би можел да вреди околу 400 милијарди долари. Но, го продаде за 800 долари. Тоа се смета за една од најлошите грешки во деловната историја, особено сега кога Епл берзански е проценет на околу 4 трилиони долари. Но, Вејн, кој денес има 91 година, не го гледа тоа така.

Тело - експлозија совршена

Син го предава телото на својата почината мајка на Биолошки центар за истражувања, меѓу другото надеваjќи се дека ќе дознае дали таа го носи генот за Алцхајмер од што страдала последните години. Пет години подоцна дознава. Телото е продадено на војската и дигнато во воздух со експлозија.

На Боб Гелдоф му е дојдено до Африка, само да не му наплаќаат данок

Најмалата оддалеченост меѓу Европа и Африка е 8 милји, заради што Гелдоф тоа го избира и како име за неговиот фонд чија главна цел е носење инвестиции во Африка. Пред некое време се дозна дека носењето инвестиции за Гелдоф не подразбира и носење данок во Африка.

Убер отпушти цела војска луѓе од маркетинг

Заради лоши финансиски резултати компанијата Убер реши да отпушти дел од својот маркетинг тим. Тој дел изнесува 400 луѓе. Сега во маркетинг му останаа уште дупло од тоа.

Мили ми се децата, ама мили ми се и парите за школарина

Во тазе откриена колеџ измама, добро ситуирани американски семејства во клучни моменти се решаваат да се откажат од своите родени деца, за маливе да можат да се квалификуваат за школарини наменети за сиромашни деца.

Коса во неограничени количини!

Бидејќи сегашните трансплантации се сведуваат нa претурање од шупливо во празно, решението е да се генерира нова коса од самиот пациент, во што помагаат матични клетки и 3Д печатење.

Како топлотните бранови влијаат на човековото тело

Една од константните задачи на нашето тело е да ја одржи својата температура на 37,5 степени Целзиусови бидејќи ова е температурата на која нашиот организам има еволуирано да работи. И летно време тоа е сериозен.

После #МеТоо нема каење

Сенаторот на демократите и поранешен комичар, Ал Франкен, поднесе оставка на својата функција во 2017 во времето кога МеТоо движењето беше во врвот на својата сила. Малку повеќе трпение, истрага и анализа (каква што заслужува секое сериозно обвинение) покажа дека сето тоа било избрзано.

Го потрошивме буџетот за 2019

Ти си прв човек на компанија и сам бираш дали е буџет за маркетинг, истражување и развој, поправки... е, кој и да е, веќе е потрошен, а имаш уште 5 месеци од годината што треба да ги истераш. Изборот е или ќе пропаднеш (што не е решение), или ќе се позајмиш, со ветување дека догодина ќе пазиш и ќе вратиш што должиш. Ама така се позајмуваш повеќе од 40 години и секоја следна година е полошо.

Трамп 2020 собра 460.000 долари само од продажба на пластични цевки

Најобични, најпрости, црвени пластични цевки на кои го пишува името Трамп и донесоа на кампањата на Трамп речиси половина милиони долари за нешто повеќе од една недела.

Англиски крик против приватизациите во јавното здравство

„Ние не сме идиоти, иако нè третирате како такви. Сосема ни е јасно што мотивот за профит им прави на јавните сервиси“, пишува колумнист на Гардијан за постепеното предавање на здравствени услуги во рацете на приватни компании. Она што е влажен сон на овдешните „реформатори“ и агенти на капиталот, маскирани во високи функции на јавни службеници.

И бананите ги молзат, зарем не

Прво имаше млеко, млеко, главно од крави, нешто помалку од овци или кози. Потоа на мала врата успеа да се пробие млеко од соја, и тоа подотвори простор и за млеко од бадеми или ориз. Сега веќе не се знае кој што прави, а последно на списокот е млеко од банани, и сè тоа главно во име на нетолерантност кон лактоза.

Транс-правата како пречка за стручни совети

Училишни советници (педагози) и останати професионалци за ментално здравје пазат што зборуваат и не се искажуваат целосно пред малолетни пациенти со дилеми околу полот во кој се родени, од страв дека ќе бидат етикетирани како „трансфоби“.

Време да поразговарате со тинејџерот по дома

На истиот тој што дреме на Јутјуб и гледа Фортнајт видеа по цел ден, пренесете му дека другарче негово од Пенсилванија само што собра 3 милиони долари за освојување на Фортнајт светското првенство.

НАСА сака да се огребе од златниот астероид, ама не се надевајте на чек

Во веројатно најфантастичната вест што некогаш се раширила меѓу човештвото, НАСА планира да стигне до астероидот 16 Псајхи, составен од злато и останати драгоцени метали, вреден 700 квинтилиони долари (седмица и 20 нули, 700.000.000.000.000.000.000,00).

Како Мик Џегер си ја планираше пензијата

За неговите фанови, тој беше млад дечко фокусиран на секс, дроги и рокенрол. Но, во средината на своите 20-ти години, Мик Џегер имал малку поинакви, демек позрели размислувања кои се покажале како тотално непотребни и погрешни. Мозгал кој план за пензиско осигурување да го има, бидејќи му било надвор од памет дека на 60 години уште ќе се бави со музика. Ене го денес на 76, бутка некако без пензија.

Проблемот на Борис Џонсон со руските олигарси

Во британската верзија на ФБИ имаат чувство дека со последните политички промени во владата, заврши времето на цврстиот став кон руските олигарси и дека ним Англија повторно ќе им постеле црвен тепих.

Науката ви порачува дека погрешно го јадете јаболкото

Не е мал ќеифот да се пренесуваат вакви вести, имајќи ги на ум оние орди прехранбени талибанци кои имаат фетиш кон здравјето (ќе изедат говно од потполошка ако ги убедиш дека е здраво) и тоа колку канони до кои слепо се држеа, во последно време им беа ревидирани. Од рехабилитацијата на путерот и сланината, па до лустрацијата на чиата. За ова со јаболката, ако се фер и принципиелни, од утре ќе ги гледате како ги голтаат семките.

Германија ја запостави источна и централна Европа

Беше главен мотор за проширувањето на ЕУ, но откако безбедносно се тампонираше со Русија и на просторот на својот источен комшилук обезбеди вредни нови пазари (читај: Вишеградска група), во германската европска политика како да доминира чувството: Мисијата е завршена.

А кој тоа рече дека кинеската армија нема да интервенира во Хонгконг?

Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.

Фејсбук знае повеќе за тебе отколку ЦИА

На Фејсбук, Твитер и Јутјуб им е неопходно твоето внимание за да ги соберат твоите најинтимни податоци, кои потоа ќе ги продадат за што е можно повеќе реклами од што ќе да заработат што е можно повеќе пари. И тоа е кошмарно добро. Кошмарно за тебе, добро за нив.

Поранешен СС војник обвинет за говор на омраза

Вон сите очекувања Германец обвинет за учество во егзекуција на над 80 селани во Франција во 1944, целиот овој период тајно да ти бил негатор на Холокаустот.

Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Европа пошашавена од горештини

Холандија, Германија и Белгија го живеат најтоплото лето во својата историја, а во Британија веќе се разгледуваат опции топлотните бранови да добиваат имиња, како што е пракса за големите урагани и невремиња.

Мозокот ги надмозга научниците и парите

Пред десет години, научник најави дека за една децнија ќе може да направи комплетна симулација на човечкиот мозок. Да беше лесно, лесно ќе беше. Европската комисија се испрси со 1,4 милијарди евра, но проектот кој ветуваше неверојатен напредок во неуро-науката, испадна токму таков. Неверојатен.