Во прашање е пиво во вредност од речиси 18.000 долари кое било продавано во државните продавници за алкохол.
Законите на Јута до пред некое време налагаа дека пиво појако од 4% не смее да биде продавано во приватни продавници, туку само во државните. Откако со промена на законот, ова пиво беше дозволено да се појави и на рафтовите на „приватњаците“, државните продавници мораа да го тргаат од залиха. Според законот тоа значи негово уништување.
Законот почна со важење на 31-ви октомври и со него границата беше крената на 5% алкохол. Бидејќи државните продавници за алкохол не смеат да продаваат ништо што е дозволено на отворениот пазар, прво цената на пивата за време на Денот на благодарноста беше симната на бандаж, а тоа што не се продаде беше фрлено