Во говор на конференција во Берлин, претседателот на Самсунг електроникс, Јанг Сон, откри дека компанијата до сега има продадено еден милион примероци од Галакси Фолд.
Ваквата продажба е и покрај масовно раширените недостатоци на уредот за кои зборуваа сите тестери што го имаа на располагање, и покрај тоа што премиерата беше откажана откако преклопувањето се покажа дека не им е баш најдобро решено (им се кршеше телефонот).
Галакси Фолд прв пат беше најавен на почетокот од 2019, а во продажба беше пуштен во април. Откако се покажа дека има повеќе проблеми и дека екранот се крши, уредот беше повлечен. Во септември, беше пуштена подобрена верзија на уредот.
Претходно, според процените на медиумите, таргетот на Самсунг е во 2020 да продаде 6 милиони уреди на преклопување.