Парите се поделени на плата од 277 милиони фунти плус дивиденда. Инаку, Коутс не земала секогаш толкава плата, минатата година на пример платата и била околу 220 милиони фунти.
Коутс освен што е директорка, таа е и ко-основач на компанијата заедно со членови на нејзиното семејство.
Таа е човекот кој уште во 2000 чувствува во која насока ќе се движи бизнисот и почнува сериозно да вложува во онлајн кладењето и bet365.com.
Годинава Бет365 има профит (пред данок) од 791 милион фунти, што е 130 милиони фунти повеќе отколку минатата година.