Овие месеци во Грција се одвива најголемиот прилив на мигранти од исток од постигнувањето на договорот со Турција за регулирање на тој прилив, потпишан во март 2016-та година, во шпицот на граѓанската војна во Сирија. Само во септември, во Грција стигнале нови 10.551 нови мигранти, што е рекорден месец во тој период.
Грција потсетува дека го достигнала својот лимит и дека другите држави од ЕУ треба да покажат солидарност и да го распоредат товарот. На петте главни пристапни точки во Грција (Лезбос, Самос, Киос и Лерос) веќе има 45.000 луѓе кои се надеваат на влез во Европа. А во местата постојат бегалски кампови дизајнирани за само 5.400 лица. И покрај напорите за олабавување на островите, минатите месеци властите успеале да префрлат само околу 10.000 лица на главното копно.
„Ова не е само грчко-турски проблем,“ неодамна предупреди Мицоктакис.
Сè на сè, во Грција има околу 90.000 мигранти кои се надеваат на подобар живот во северните држави на ЕУ. Тоа е повеќе од бројот на регистрирани мигранти кои заедно ги имаат Италија, Шпанија и Малта.
Пред седум дена Франција великодушно се понуди од Грција да преземе дури 400 бегалци.
Перспективите се полоши само за Кипар кој има најголем број мигранти пер капита. Оптимистичките проценки велат дека во следните 5 години островот ќе има 100.000 бегалци и економски мигранти.
Пред неколку години Австрија отворено ја пропагираше идејата земјите од ЕУ да бидат галантни во истурање пари во земјите кои ја опшиваат Унијата (јадници како нас, Албанија, Босна, Србија) со кои би се граделе кампови и прифатни места и би се финансирале проекти за инклузивност за овие земји да послужат како тампон зона и своевидни претквалификациони инкубатори за мигранти од кои контролирано би се земала работна сила од потребните профили.