Човекот со два комплета ДНК

Кога форензичари испитуваат ДНК на жртва или злосторник, сигурни се дека тоа е она ДНК со која човекот е роден а не ДНК од некој кој живее илјадници километри од местото на настанот.. Ама, можело и така.

Извесен Крис Ланг (човекот работи во ИТ, не е ниту злосторник ниту жртва) пред многу години минал низ процедура која му го спасила животот. Имал леукемија и неопходно било да му се пресади коскена срцевина. Оттогаш, ДНК на донорот комплетно му го има запоседнато ДНК-то кое го носи во семето.

Случајот е нешто комплициран бидејќи неколку години подоцна Ланг морал да изврши васектомија. Но, тоа не менува многу ако се знае дека сперма и семе се разлиучни работи. Човек има семе и после васектомија, само што тоа не содржи сперма.

Тоа семе е составено од неколку видови бели крвни зрнца (макрофаги, неутрофили и лимфоцити), сите во поддршка на имунолошкиот систем. Доаѓаат од уринарниот тракт и простатата а бидејќи се произведуваат од коскената срцевина, сосема е можно човек со васектомија да ејакулира семе кое носи ДНК на друг човек, она на неговиот донор. 

Науката тврди дека не постои начин Ланг да го пренесе тоа ДНК на донорот, односно со него да оплоди жена бидејќи е неплоден. Случајот на Ланг е битен само за да им прави проблем на форензичарите.

18 декември 2019 - 08:34