Конфигурацијата на Мак про од 6.000 долари што Епл ја претстави на својата конференција пред некое време доаѓаше со ногарки. Кога истата оваа конфигурација беше пуштена во продажба на сајтот на Епл се појави и опција за купување на тркалца за куќиштето.
Тркалцата за куќиштето чинат - 400 долари (фала Богу за комплет од 4).
За нив се знае дека се од не'рѓосувачко железо и дека го креваат куќиштето за околу 2,5 сантиметри во споредба со ногарките.
Претходно Епл објави дека нивниот нов монитор за компјутерот од 6.000 долари, ќе чини 5.000 долари, и дека за овие пари нема да добиеш држач за мониторот. Држачот за новиот монитор Епл го продава за дополнителни 1.000 долари.