Во партнерството Фиат Крајслер влегува со брендовите: Алфа Ромео, Крајслер, Доџ, Фиат, Масерати, Џип и Рам; а Пежо влегува со: Цитроен, Опел, Пежо и Воксхол. Со сите овие брендови на куп новата компанија ќе биде четврта по големина зад Тојота, Фолксваген и Рено-Нисан-Мицубиши.
Како дел од договорот ветено е дека нема да се затвора ниту една постојна фабрика на кој било од брендовите. ЦЕО на компанијата ќе биде Карло Таварес, сегашниот ЦЕО на Пежо, а претседател ќе биде Џон Елкман, сегашниот претседател на Фиат Крајслер.
Седиштето на новата компанија ќе биде во Холандија, а спојувањето се очекува да биде комплетирано во рок од една година.
Новото име на споената компанија допрва треба да се објави, нејзината вредност се проценува на 34 милијарди евра и се очекува да има продажба од околу 8,7 милиони возила. По основа на бројките од 2018, двете компании треба да имаат приходи од речиси 170 милијарди евра и оперативен профит од 11 милијарди евра.