Бордот пишува дека членовите на импичментот започнат против Трамп раскажуваат „кратка, едноставна и обвинувачка приказна“ во која американскиот претседател ја користи моќта на својата функција „преку запирање на милиони долари воена помош да ја присили Украина, која е ранлив сојузник, да се согласи да му помогне да влијае на изборите 2020 со вадење валкани работи за неговиот политички ривал.“
Иако бордот е критичен кон рапидната брзина со која се одвива постапката за импичмент на Трамп, тие го осудуваат блокирањето на Конгресот од страна на претседателот.
Што е до бордот, основи за импичмент на Трамп има уште од првиот ден кога стапнува на функцијата, притоа наведувајќи: „прифаќање странски пари во неговите бројни бизниси, прекршување на законот за финансирање на политички кампањи, и попречување на истрагата околу Русија.“
Нивниот заклучок е дека демократите дури сега се решиле да тераат импичмент, затоа што овој пат стравот бил дека Трамп бара начини како да влијае на следните избори „со тоа лишувајќи ги гласачите од правото да го контролираат неговото однесување.“