Мене не може да ми биде помалку гајле дали Трамп ќе го изгуби или ќе го добие импичментот и битката окoлу тоа меѓу Конгресот и Сенатот.
Што тој импичмент ќе докаже? Дека Тrамп е заслужено омразен измамник, корумпиран лажго, преварант, шарлатан....? Леле, па ние тоа не го знаевме!
На што да се палиме? Дека може да биде тргнат од престолот за да може оној хомофобичен кловн Мајк Пенс да стане в.д. претседател е корумпираниот естаблишмент на Демократската партија, предводен од Ненси Пелоси и Чак Шумер, да се чувствуваат триумфално и да го избуткаат напред Џо Бајден, претставникот на најреакционерната фракција во таа партија? Леле, голема историја ќе биде тоа!
Ова е циркуз за одвраќање на вниманието и ние немаме никаков влог во него. Трамп в џеб го држи Сенатот, губитник на оваа шарада е единствениот пристоен кандидат во играта, Берни Сандерс, а добиваат и Трамп и Бајден.
На сличен начин како што британските гласачи му го дадоа жезлото на расистичкиот кловн Борис Џонсон во триумфалната победа во Велика Британија, и овде Доналд Трамп најверојатно ќе стане претседател по избор на ксенофобната, расистичка и надмоќно бела Америка и во втор мандат. После тоа подгответе се за Иванка Трамп и Џеред Кушнер за Мадам претседателка и Прв....
Господ да ја благослови Америка,
Хамид Дабаши,
професор по ирански студии и компаративна книжевност на Колумбија универзитетот во Њујорк.