Ваканда е тргната од списокот но резилот останува, а според министерството таа била додадена по грешка во тест фазата и никогаш не требало да излезе во јавност.
На он-лајн списокот за проверка на тарифи било наведено дека двете држави имаат активна трговија, меѓу другото, со патки, магариња и крави.
Откако е тргната по интервенција на медиумите, втората фаза беше сеир од типот дека ја снемало затоа што двете држави започнале трговска војна, и до каде се преговорите со Аграбах (кралството од Аладин).
Во Марвел универзумот Ваканда е скриена ултра футуристичка држава сместена во Источна Африка, инаку родно место на Блек пантер.