5 причини зошто Лабуристите изгубија

Наспроти тоа што се изнапишува медиуми за Џонсон и Конзервативците, тие изборите ги завршија со 364 пратеници од 650 места. Ова се 66 пратенички места повеќе отколку на минатите избори, а во исто време 38 места над потребното парламентарно мнозинство од 326 гласови. Од друга страна Лабуристите на Корбин стигнаа до 202 пратеника, што е 42 пратеника помалку отколку на претходните избори.

1. Џереми Корбин

И покрај пофалбите пред изборите, по прогласувањето на резултатите голем број кандидати на Лабуристите јавно изјавија дека недостатокот на популарност на Корбин е она што придонело кон нивниот пораз. Корбин на изборите влегува со најнизок рејтинг на нето задоволство што кој било опозициски лидер го има од крајот на 1970-те. На старите гласачи им пречи неговата претходна поддршка за ирското републиканско движење, а на оние од Лондон, неговите антисемитизам и како се справи со тој скандал.


2. Манифестот

Манифестот на Лабуристите има обемна понуда на коренити решенија за најразлични теми, и токму тоа се претвори во проблем за добар дел од кандидатите, кои во средбите со граѓаните имаат проблем да ги пофаќаат сите краеви на ветувањата дадени во Манифестот.



3. Брегзит

Ако Конзервативците изгледаат како да немаат план за брегзит во однос на ЕУ, така Лабуристите изгледаат како да не можат на подолго време да задржат еден правец на темата, те ќе излегуваат, те ќе поништуваат референдум, те ќе преговараат ама поинаку...


4. Колапсот на „црвениот ѕид“

Нападите против Лабуристите беа дека тие ја земале здраво за готово поддршката од своите традиционални гласачи од работничката класа. И покрај ветувањата за јавни проекти од милијарди фунти, тие не успеваат да ги убедат гласачите во рударските и металопреработувачките гратчиња. Како последица на ова, гратчиња кои традиционално го составуваа „црвениот ѕид“ на Лабуристите, сега станаа Ториевски, во некои случаи за прв пат во 100 години. Тука повторно се враќа критиката кон Корбин, кој како човек од северен Лондон од средна класа, е обвинет дека не може да ги привлече гласачите и заедниците од работничката класа.


5. Изборна стратегија

Лабуристите тргнаа во освојување на мнозинството, и притоа сакаа да покријат што е можно поголем дел од Британија, и што е можно повеќе маргинални локации и гласачки места. Последица на ова е што тие не секогаш имаа луѓе да ги покријат некои од позначајните гласачки локации.

13 декември 2019 - 14:39