Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Нетфликс го збриша Шапел шоу на барање на Дејв Шапел

Барањето на Шапел било Нетфликс да престане да ги репризира старите епизоди од Шапел шоу, затоа што сопственикот на правата, ВиакомЦБС, ги продал без негова дозвола. На целосно изненадување на Шапел, Нетфликс му удоволиле на барањето.

Човекот чие име нема да биде напишано

„Диктаторот“, „овој човек“, „претседателот“ се само дел од термините што авторите на книги ги користат изминативе четири години за да го избегнат споменувањето на името на Трамп.

Рене Реџепи отвора бургерџилница

Во оваа пандемија, ниеден бизнис не е сигурен, па ни оние најелитните какви што се рестораните на Рене Реџепи. Откако мораше да го затвори престижниот 108, Рене Реџепи ќе прави и продава бургери и помфрит.

Работниците без кои Американците нема да имаат вечера за Денот на благодарноста

Еден од најдолговечните и најиздржливи аргументи про-миграција во САД, е дека Американецот никогаш повеќе нема да се врати на нива и да собира јагоди или кромид. За да не заборават од каде доаѓа храната на нивните трпези, организацијата на Обединети земјоделски работници изработи серија „честитки“ за Американците за Денот на благодарноста, во кои ги потсетува на луѓето што ги имаат заборавено.

Пријателки на тутунот

Објавена е глобална ранг листа на држави според нивната „разбирачка“ за проблемите на тобако индустријата. Јапонија и Индонезија се најлоши а во таа група се и Романија, САД и Кина.  

Кога ќе Париз појдете, полицајци да не сликате

Фотографија која наскоро може најмногу да ве чини во Франција е фотографија од француски полицаец. Казната може да изнесува 45.000 евра.

Корпоративни богови на маркетингот

Дечко на своја рака развива крајно успешен ТикТок профил за компанијата во која работи, која се занимава со крајно незанимлива дејност - продажба на бои за молерисување. За награда, дечкото е отпуштен.

Германија изгласа „рамковен“ за жени директорки

30% од високиот менаџмент на големите германски компании во иднина задолжително мора да бидат жени, предвидуваат новите квоти што ќе бидат воведени од германската влада.

Шведскиот премиер не е задоволен како Швеѓаните се покажале за време на ковид-19

Во трето вакво национално обраќање во историјата на Шведска, премиерот Стефан Лофвен ги укори своите сограѓани дека „премногу луѓе биле неодговорни во следење на препораките“ од здравствените власти.

Почина основачот на предизвикот за истурање кофа мраз на глава

Од болеста за која сакаше да ја подигне свесноста, на 37 години почина њујорчанецот Патрик Квин. Виралниот предизвик за истурање кофа ладна вода на глава која циркулираше пред 6 години беше јако глуп, ама па доста пари собрале... ама па само една третина завршувале за првичната цел а директорите имале годишна плата од 300.000 долари.

Може ќе умреме од корона, ама некако подмладени

Со оглед на тоа колку науката нè изневери во давање базични одговори за пандемијава која ја дочека со прст во уста, уште долго време нема да можеме да не бидеме цинични кон помпезни најави од типот „научници успеале да го вратат стареењето во рикверц“. Добро е дечки, бркајте работа.

Политичар добива ЕМИ награда за ковид брифинзи

Наградата за најдобар актер меѓу постоечките американски гувернери оди кај.... Ендрју Куомо од Њујорк! Не за учество во некоја ТВ драма базирана на реални настани туку за неговите службени телевизиски брифинзи на тема ковид-19. Ви се бурботи ли малку од Холивуд? 

Докторите знаат што следува ако вака продолжи пандемијата

„Се наоѓаме на апсолутно катастрофален пат,“ ќе изјави ковид-19 докторот во најдобро подготвената болница во Соединетите држави.

Дишам, значи се трезнам

Алкохолното труење (кога црниот дроб не може да го стигне лакомиот сопственик) знае да биде озбилна компликација со фатален исход а лимитирани се третманите. Апарат кој сериозно помага, цело време да ни бил 'пред нос'.

Или Папата шара или Инстаграм лаже

Ватикан побара објаснување од Инстаграм за тоа како профилот на Папата лајкнал фотка на една оскудно облечена бразилска манекенка (какви што обично се).

Имунитетот од коронавирус може да трае со години

Примероците од крв на пациенти што ја имаат прележано болеста и закрепнале, покажале „долготрајна имунитетна реакција“, пишува Њујорк тајмс во текстот за истражувањето на Универзитетот Аризона во Тусон.

Мултикултурализмот е мазохистички национализам

Најголемите поборници на мултикултурализмот ја мразат својата нација со ист жар како што старомодните националисти ја слават.

Цената на карантинот и затворањето

Американскиот институт за економски истражувања ги прибра податоците од здравствените, криминалистички и економски државни агенции за да ги прикаже ефектите на локдаунот на американското население. Лошо.

Менаџери удирале кладба колку работници ќе заболат од ковид

Додека давале бонуси за оние што секој ден ќе се појават на работа, со што ги мотивирале вработените да доаѓаат и болни, менаџерите во една месарска компанија во Арканзас приватно ставале пари на опклада колку работници ќе бидат закачени од ковид.

Британската полиција може да лупа казни за ковид-19 од 10.000 фунти

Прво казните беа воведени, па потоа ставени на пауза заради страв дека можеби не се фер, па сега пак вратени откако бројот на заразени од ковид-19 ја надмина фазата кога луѓето стравуваат за фер и нефер казни.

Данска студија вели нема големо фајде од маските

Голема данска студија вели дека маските не нудат битна заштита за оние кои ги носат. Дали маските ги штитат другите од себе во оваа студија не било испитувано, ама да бидеме реални, колкав е процентот на оние кои носат маска првенствено заради другите?

Ќе има ли кој да ги објави мемоарите на Трамп?

Стравот не е дали книгата ќе се продава, затоа што ќе се продава. Стравот е од бунт на вработените на издавачот, и уште повеќе дали тоа што ќе биде објавено ќе биде точно.

Олабавете ги малку дебелите деца

„Војната против детската обезност“ до сега успеа само да создаде срам кај дебелите деца.

Кина на големо се вакцинира, Вухан на големо се рекламира

Лошата репутација која ја доби како татковина и епицентар на пандемијата, Кина пробува да ја поправи со тоа дека е прва земја која ја стави ситуацијата под контрола и прва во која животот се враќа во нормала.