Пријателки на тутунот

Објавена е глобална ранг листа на држави според нивната „разбирачка“ за проблемите на тобако индустријата. Јапонија и Индонезија се најлоши а во таа група се и Романија, САД и Кина.  

Глобалната тобако индустрија агресивно лобира влади за време на ковид-19 пандемијата за да го прошири својот бизнис или да ги омекне мерките за контрола на нивниот бизнис, вели извештај на една меѓународна непрофитна групација поврзана со СЗО.

Таа обелодени рангирање на 57 земји според нивната расположеност да бидат пријателски расположени кон тобако индустријата. Меѓу најлошите ги има Јапонија, Романија, САД, Кина, Украина, Турција и Шпанија, но како кооперативна е оценета и Германија.

„Тобако индустријата има богата и добро документирана историја на капитализирање на хуманитарните кризи,“ се вели во извештајот во кој се наведува дека додека великодушно подарува респиратори и медицински апарати и материјал тобако бизнисот зад сцена брка работи околу регулативата, давачките и прогледувањето низ прсти.

Околу 80% од 1,3 милијарди луѓе кои пушат, живеат во земји со ниски или средни примања а глобалниот тобако бизнис лани беше проценет на 850 милијарди долари.

За време на пандемијата, владата во Кенија ги прогласи цигарите за „есенцијални добра“ а во Јордан се вршела нивна дистрибуција заедно со лебот и другите животни намирници.

 

24 ноември 2020 - 10:22