Кина на големо се вакцинира, Вухан на големо се рекламира

Лошата репутација која ја доби како татковина и епицентар на пандемијата, Кина пробува да ја поправи со тоа дека е прва земја која ја стави ситуацијата под контрола и прва во која животот се враќа во нормала.

Додека западните земји сè уште се во фото финиш на трката за првата одобрена вакцина за коронавирус, двете најголеми кинески фармацевтски компании веќе почнаа со имунизирање на  стотици илјади луѓе, главно државни работници.

„Нема никаков проблем. Многу колеги се вакцинираа рано, уште во јули,“ вели еден градежен работник од државната железничка групација.

Тој е еден од стотиците кинески работници месецов испратени во Демократа Република Конго, каде Кинезите градат милијарди долари вредни патишта, во замена за права за копање минерали.  Верува дека државата гарантира за безбедноста на вакцинираните бидејќи, вели тој, ако немаш здравје, бадијала е колку пари ќе заработиш за ангажман во странство.

Кинезите работат на 4 експериментални вакцини развиени од нивни компании кои се во третата фаза на испитување на нивната ефикасност и безбедност и иако велат дека сè уште не се подготвени за пуштање во комерцијална употреба, многумина ги имаат примено, вклучувајќи ранливи категории, здравствени работници од првите редови на борбата или луѓе од кои зависат критично важните сервиси во земјата.

Главни во трката се компаниите Синофарм и Синовац. Вториве веќе имаат нарачка за 9 милиони дози за Филипините а и Сао Паоло сака нивна вакцина.

Во меѓувреме, озлогласениот ковид епицентар Вухан, пушти промотивно туристичко видео „Ајде да се сретнеме во Вухан“ за да покаже и порача дека животот таму е реечиси вратен во нормала.

Ако вашиот одговор на нивниот предлог „Ајде да се сретнеме во Вухан“ инстинктивно е „Ај не“, само уште пар податоци.

  • Вухан има 11 милиони жители и вкупно 3.869 жртви на ковид-19.
  • Македонија, со којзнае колку под 2 милиона, до денес има загубено 1.376 луѓе, повеќе од скопскиот земјотрес во 1963 година.

Ама па, има и добри вести:

18 ноември 2020 - 12:36