Семејството на еден работник во компанија за преработка на месо ја тужи неговата компанија за намерно запоставување на здравствените и безбедносните протоколи, што довело до смрт на нивниот Исидро Фернандез.
Тој починал на 20 април и бил еден од 1.000 лица што се заразиле на работа, што е една третина од вкупниот број на вработени.
Во тужбата се наведени и докази дека за време на непреченото ширење на заразата, менаџерите и супервизорите ставале пари на опклада колкумина вработени ќе легнат од ковид. Високиот менаџмент на Тајсон Фудс експлицитно им наредил на супервизорите да ги игнорираат симптомите на ковид-19, па кога некој ќе се пожалел дека не му е добро, обично викале „сите ние имаме симптоми, ама и работа нè чека“. Кога еден од работниците на подвижната лента повратил од што му било лошо, утредента повторно бил вратен на лента.
Луѓе од топ менаџментот веќе не се ни симнувале во фабричката хала за да не се заразат бидејќи знаеле дека вирусот дивее во таа просторија, па сите наредби ги спроведувале исклучиво преку посредниците.
Тајсон нуделе и бонус од 500 долари за оние што три месеци нема да промашат ниеден ден на работа. И додека работниците ги храбреле да доаѓаат на работа бидејќи „Америка не смее да остане гладна“, во првиот квартал на 2020 година, Тајсон фуд го зголемил извозот за Кина за цели 600 проценти.