Рене Реџепи отвора бургерџилница

Во оваа пандемија, ниеден бизнис не е сигурен, па ни оние најелитните какви што се рестораните на Рене Реџепи. Откако мораше да го затвори престижниот 108, Рене Реџепи ќе прави и продава бургери и помфрит.

НОМА на Рене Реџепи неколку години е во самиот врв на најдобри ресторани на светот, прочуен по „возот“ од 18 јадења (искрен: тестери) за кои луѓе плаќаа по 300 евра.

Сега, носителот на две Мишелин, по татко македонски Албанец, отвора сендвичара со бургери и компир, потег роден среде девастирачките ефекти на пандемијата врз глобалната индустрија на гостопримство во која се покажа дека ниеден бизнис, па дури и најелтните како оние не Реџепи, не е сигурен.

Откако во септември мораше да го затвори ресторанот „108“, сестрински проект на НОМА, Рене Реџепи на почетокот на декември отвора нова инкарнација - поедноставна, поскромна и поевтина: ќе продава бургери и чипс за носење.

Вели дека ова е голем чекор  за него и дека во неговите телешки и веге бургери ќе биде вложена истата љубов, знаење и педантност со која секогаш ја подготвува неговата храна.

Наместо 300 евра, делата на Реџепи ќе можат да се пробаат за 17 евра, плус 7 евра за помфрит.

*****

Види и:

Ентони Бордеин дозна за Македонија 

како изгледа јадењето во НОМА

и други работи

24 ноември 2020 - 11:17