Предјадење
Првото предјадење е скриено во декорацијата на масата и е составено од лепиња (како за гиро) со слад и смрека.

По ова следува пржен мов и вргањ.

Крцкава кожа од прасе и црна рибизла.

Колачиња, сирење, рукола, послужени во конзерва (од колачи).

Сини школки и целер, кои пристигнуваат во преубаво аранжирана чинија.

Карамелизирано млеко и црн дроб од бакалар.

'Рж, пилешка кожа и грашок

Компир и пилешки црн дроб

Кокошката и јајцето - јајца од препелица, пушени и чувани во расол.

Ротквица, почва и трева. За да ја изедеш ротквицата прво треба да ја откорнеш од земја и потоа да ја ставиш во кремастиот сос со кој доаѓа.

Растителен тост и пушена икра од бакалар.

Нордиски тип на палачинки обвиткани околу сушена риба.

"Bread basket" само што воопшто го нема делот со "баскет".

Тука завршува предјадењето
Првата чинија од главното јадење е лигња и незрела трнинка, која се служи со бела рибизла и бор.

Морски еж и крем од мирудија и краставица.

(Limfjord) Школки и морска трева со грозје и млеко.

По ова следуваат костени и икра со орев и 'рж.

Гргеч и зелка, врбинка и мирудија

Целер и тартуфа

Зеленчук, коскена срж со путер и магдонос

Дива патка и цвекло со бука и слад

Сега е десертот на ред
Gammel Dansk, горчлив локален алкохол,, се служи со краставица, бело чоколадо и целер.

Морков, овој зачин и сушен домат.

По ова следуваат четири мали слатки.

Ова вклучува и топена карамела (тофи) која се служи во коска.
