Таг: рене реџепи

И онака немаше да јадете во Нома

Драго ми е што постоеше Нома, па сега можам да уживам во јадењата на стотици готвачи инспирирани од иновациите што ги направи тимот на Реџепи. Исто така, драго ми е што Реџепи сфати дека ресторан што се потпира на недоволно платени работници е неодржлив.

Зошто Рене Реџепи не доби трета Мишелин ѕвезда?

Бинг Крозби за Френк Синатра има кажано: "Пејач како Синатра се појавува еднаш во животот. Ама мораше ли да се појави баш во мојот?" Нешто слично за Рене Реџепи би можел да мисли данскиот шеф Расмус Кофоед.

Рене Реџепи ја затвора Нома

Највлијателниот готвач на светот застанал среде едно напуштено стовариште во близина на аутсајдерското дувло во Копенхаген и на новинарот на Њујорк Тајмс му рекол: Овде ми се работи.

И да не сте голема риба, јадете мали риби

Откако главно ги потепавме големите риби, останаа оние помалите. Парадоксално, за да ги спасиме малите рипчиња, треба почесто да ги јадеме. Рене Реџепи се согласува.

Што се јаде во најдобриот ресторан на светот

За Реџепи и Нома пишувавме вчера, а и пред некое време. Она за што немаме пишувано е искуството во Нома, а тоа изгледа вака: гостите ги пречекува парада од 20 мали оброци, од кои најголемиот дел нема да личат на ништо препознатливо. Ова задоволство ќе ве чини 296 долари по човек, а виното кое би го добиле со ова ќе биде дополнителни 185 долари.

Рене Реџепи најдобар за 2014-та

По една година пауза на второто место, Нома на Рене Реџепи повторно е број еден на листата на 50 најдобри ресторани во светот.

Нова тротомна книга на Рене Реџепи

„Работа во тек" (А Work in Progress) е ново издание во три тома на славниот готвач од најдобриот ресторан во светот НОМА. Нешто како ордевер, главно јадење и десерт, ама од зборови.